За извршување на работите од својот делокруг, Управниот суд користи два ката од зградата што се наоѓа на ул. Орце Николов б.б. во Скопје.
Во судот има три сали за судење, што се наоѓаат на првиот кат од судската зграда, со конкретен распоред прикажан на следната мапа

Република Македонија
УПРАВЕН СУД
Су. бр. 01-40/11
13.01.2011 година
С к о п ј е
Врз основа на чл.92 од Законот за судовите („Службен Весник на РМ“ бр.58/2006; бр.150/2010), чл.5 и чл.8 ст.1 алинеа 2 од Судскиот деловник („Службен Весник на РМ“ бр.71/2007; бр.157/2009), на седницата на судии на Управниот суд, одржана на 13.01.2011 година, е утврдена:
П Р О Г Р А М А
ЗА РАБОТА НА УПРАВНИОТ СУД ЗА 2011 ГОДИНА
Управниот суд, како релативно нов субјект во судскиот систем на Република Македонија, се уште се соочува со проблемот на непополнетост на работните места, предвидени со Правилникот за систематизација на работните места во Судот, заради остварување на програмските цели заради коишто овој суд е основан, поради што е потребно итно преземање конкретни мерки за надминување на овој проблем.
Ваквата состојба наметнува неопходна потреба од максимално ангажирање, од сите вработени во Судот, во рамките на реалните можности, за совладување на обемот на работа, што резултира од бројот на новопримените предмети, што во континуитет се зголемува, како и решавање на нерешените предмети, со давање предимство на одлучување на хронолошки постарите предмети.
Со оваа Програма се конкретизираат работите и задачите од делокругот на Управниот суд, а особено видот и бројот на предметите по кои Судот постапува, работите и задачите по однос на следењето и проучувањето на проблемите што произлегуваат од судската практика, а се од интерес за правилна и единствена примена на законот и друго.
Преку конкретизирање на работите и задачите што се во надлежност на Судот, во вршење на судската функција утврдена со Уставот, законите и меѓународните договори, ратификувани во согласност со Уставот, се обезбедува примената на правото и заштита на човековите слободи и права.
Целите и функциите утврдени со оваа Програма, го опфаќаат следното:
- Навремено и квалитетно решавање на предметите што се во надлежност на Судот;
- Заштита и почитување на човековите права и слободи;
- Непристрасно применување на правото без оглед на положбата и својството на странките;
- Правна сигурност и создавање услови, секој човек да живее безбедно, во рамките на примената на правото;
- Изготвување анализи, информации, укажувања, сентенци, билтен и друго, коишто ќе помогнат во правилната примена на правото;
- Средби и советувања, организирани од Здружението на судии, Академијата за обука на судии и јавни обвинители, во врска со едукацијата на судиите и судските службеници, како и од други органи и организации и остварување состаноци со претставници од Врховниот суд на Република Македонија, адвокатурата и други органи.
За реализација на Програмата ќе се грижи претседателот на судот, судиите, судските службеници и другите вработени во Судот.
ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СУДОТ
Во делокруг и функционална надлежност на претседателот на Судот, се предметите од судската управа и тоа: „СУ“; „СУ-ДОВ“; „СТР-ДОВ“ и „УПП“.
Во текот на 2010 година, во уписникот „СУ“, се заведени 922 предмети, а во уписникот „УПП“ 2434 предмети, при што, имајќи ја предвид присутната тенденција на постојано зголемување на бројот на барањата што се евидентираа во наведените судски уписници, а сега евидентни книги, очекуван број нови предмети во 2011 година, што ќе се евидентираат во евидентната книга „СУ“, би бил 1000, а во евидентната книга „УПП“, 2800 предмети.
РАБОТА ПО ПРЕДМЕТИ
Организацијата на работата на Судот, ќе се извршува во рамките на шест специјализирани судски оддели, согласно со член 12 од Законот за судовите („Службен Весник на РМ“ бр.58/2006; бр.150/2010).
Во Управниот суд се формирани следните шест специјализирани судски оддели и тоа:
I – СПЕЦИЈАЛИЗИРАН СУДСКИ ОДДЕЛ ЗА ИМОТНО – ПРАВНА ОБЛАСТ, КАТАСТАР И ОБРАЗОВАНИЕ
Во овој оддел се одлучува за предимствено право на користење на градежно земјиште, доделување на градежно земјиште, одземање на градежно земјиште, утврдување содржина на недвижности, запишување во катастар на недвижности, образование, права од задолжително здравствено осигурување, лекување во земјата и во странство, надоместоци за набавени лекови и медицински помагала, права од здравствено - санитарен надзор и контрола, молчење на администрација, прекршоци и управни договори. Во овој оддел ќе се одлучува и по предметите што се однесуваат на надзорните мерки на инспекторот на трудот, примени во Судот заклучно со 2010 година.
II - СПЕЦИЈАЛИЗИРАН СУДСКИ ОДДЕЛ ЗА ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА, ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА, ДЕЕКСПРОПРИЈАЦИЈА И ТРАНСФОРМАЦИЈА
Во овој оддел се одлучува за денационализација, експропријација, деекспропријација и трансформација, молчење на администрација, прекршоци и управни договори.
III - СПЕЦИЈАЛИЗИРАН СУДСКИ ОДДЕЛ ЗА УРБАНИЗАМ И ГРАДЕЖНИШТВО, ВОДОСТОПАНСТВО, ЗЕМЈОДЕЛСТВО, СТОПАНСТВО, СООБРАЌАЈ И ВРСКИ, ИГРИ НА СРЕЌА И РАДИОДИФУЗИЈА
Во овој оддел се одлучува за одобрение за градење, одобрение за употреба на објект, мерки на инспекциски надзор, запирање на градба, уривање на објект, станбени, водостопанска согласност, одобрение за изградба на водостопански објект, мерки на инспекциски надзор од водостопанство, мерки на инспекциски надзор од земјоделство, шумарство, одобрение за вршење дејност, мерки на инспекциски надзор, одобрение за вршење линиски превоз, мерки на инспекциски надзор, неразвиени подрачја, игри на среќа и радиодифузија, молчење на администрација, прекршоци и управни договори. Во овој оддел ќе се одлучува и по предметите и прекршоците од 2010 година, што се од областа на државјанството, престојот, матичната евиденција, патните исправи, возилата и оружјето. Оваа област што се однесува на предметите и прекршоците од државјанството, престојот, матичната евиденција, патните исправи, возилата и оружјето, ќе биде во надлежност на овој оддел, во иднина.
IV - СПЕЦИЈАЛИЗИРАН СУДСКИ ОДДЕЛ ЗА ПЕНЗИИ И ДРУГИ ПРАВА ОД ПЕНЗИСКО И ИНВАЛИДСКО ОСИГУРУВАЊЕ, ПРАВО ПО ОСНОВ НА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА, ПРАВО ПО ОСНОВ НА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ, ПРАВА ОД ЗДРАВСТВЕНО – САНИТАРЕН НАДЗОР И КОНТРОЛА, НАДЗОРНИ МЕРКИ НА ИНСПЕКТОРОТ НА ТРУДОТ
Во овој оддел се одлучува за старосна пензија, инвалидска пензија, семејна пензија, земјоделска пензија, распоредување на други соодветни работи, прекфалификација, докфалификација и право на други надоместоци, паричен надоместок за телесно оштетување, утврдување на стаж на осигурување - пензиски стаж, социјална помош, додаток на деца, видување и доделување на деца, помош и нега на друго лице, мирновремена воена инвалиднина, надзорни мерки на инспектор на труд, молчење на администрација, прекршоци и управни договори.
V - СПЕЦИЈАЛИЗИРАН СУДСКИ ОДДЕЛ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРАВА ПО ОСНОВ НА НЕВРАБОТЕНОСТ, ЈАВНИ ДАВАЧКИ, ДАНОЦИ, ПРИДОНЕСИ, РАБОТНИ ОДНОСИ, АКЦИЗИ, РАЗРЕШУВАЊЕ ОД ДОЛЖНОСТ, АДВОКАТИ, ЕКОНОМИЈА, КОНКУРЕНЦИЈА, ЦЕНРАЛЕН РЕГИСТАР, ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ – ЈАВЕН КАРАКТЕР
Во овој оддел се одлучува за јавни набавки, евиденција и права по основ на невработеност, надоместок по основ на невработеност, јавни давачки, данок на промет на производи и услуги, персонален данок, данок на добивка, данок на додадена вредност, данок на имот, контрола на данок, присилна наплата, одлагање на извршување, придонес за пензиско и инвалидско осигурување, придонес за здравствено осигурување, работни односи, акцизи, разрешување од должност, адвокати, економија, конкуренција, доминантна позиција, централен регистар, пристап до информации - јавен карактер, молчење на администрација, прекршоци и управни договори.
VI - СПЕЦИЈАЛИЗИРАН СУДСКИ ОДДЕЛ ЗА ЦАРИНИ, ТАКСИ, НАДОМЕСТОЦИ, СТАТУСНИ ПРАШАЊА, ПАТНИ ИСПРАВИ, ВОЗИЛА, ОРУЖЈЕ, ПРАВА ОД ИНДУСТРИСКА СОПСТВЕНОСТ И АВТОРСКИ ПРАВА, ЖИГ, БАНКАРСКИ РАБОТИ, КОНЦЕСИИ, ОДБРАНА, ДЕЛОВЕН СУБЈЕКТ, ЕНЕРГЕТИКА, ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИ
Во овој оддел се одлучува за царини, царински долг, комунална такса, судска такса, надомест за користење градежно земјиште, државјанство, престој, живеалиште, статус на бегалец - азил, матична евиденција, патни исправи, возила, оружје, права од индустриска сопственост и авторски права, жиг, банкарски работи, концесии, одбрана, деловен субјект, енергетика, заштита на споменици, молчење на администрација, прекршоци и управни договори. Што се однесува на областа државјанство, престој, матична евиденција, патни исправи, возила и оружје и прекршоци од оваа област, во овој оддел ќе се одлучуваат само предметите примени во Судот, заклучно со 2009 година.
Првиот, третиот и петтиот оддел, се состојат од по еден совет, а во рамките на вториот, четвртиот и шестиот оддел, функционираат по два совета. Во секој совет работат по тројца судии, а со советот раководи судијата кој е претседател на советот, додека другите двајца судии се членови на тој совет. Во работата на секој совет, по целосното кадровско пополнување на работните места во Судот, ќе учествуваат и еден раководен судски службеник и најмалку два стручни судски службеници. Седницата на советот се одржува еднаш неделно, со точно определување на ден во неделата.
Во рамките на секој од наведените оддели, се формира одделение, во коешто работата од својот делокруг, ја извршуваат раководните и стручните судски службеници.
Имајќи предвид дека во текот на 2010 година, во овој суд, вкупно биле заведени и оформени 9792 нови предмети, по кои се постапува во советите во рамките на специјализираните судски оддели, а присутна е тенденција на постојано зголемување на бројот на тужби што се поднесуваат до Судот, очекуван број нови предмети во 2011 година, би бил над 11000.
Во рамките на Судот се формира и:
ОДДЕЛ ЗА СУДСКА ПРАКТИКА
Во текот на 2011 година, по кадровското пополнување на непополнетите работни места според Правилникот за систематизација на работните места во Судот, во овој оддел ќе бидат ангажирани судиите, раководните и стручните судски службеници.
Во овој оддел се усогласува работата на сите специјализирани судски оддели, во извршување на задачите коишто се однесуваат на евиденцијата и проучувањето на судската практика. Работата на одделот се одвива на седници, а на седница на одделот се носи и план за следење на судската практика.
Во одделот се подготвуваат анализи, извештаи и информации во врска со следењето на судската практика, а се организира и постапката за издавање збирка на судски одлуки, билтени и слично, кои би се издавале еднаш годишно; се евидентираат начелните ставови и правните мислења утврдени во специјализираните судски оддели, а врз основа на одлуките на Вишиот управен суд; се евидентираат, средуваат и класифицираат судските одлуки, за кои во советите е одлучено да се евидентира ставот изразен во одлуката; се евидентираат материјалите што се доставуваат од другите судови и државни органи до Управниот суд, заради воедначување на практиката за постапување во конкретни случаи на ниво на сите судови.
ИЗГОТВУВАЊЕ АНАЛИЗИ, ИНФОРМАЦИИ, УКАЖУВАЊА
И ЗБИРНИ ПРЕГЛЕДИ
Со цел за подобрување на квалитетот на работата, во Управниот суд во 2011 година, ќе се изработуваат анализи, информации и укажувања со определување на конкретни прегледи во зависност од актуелноста на одредени правни прашања, проблеми во работата, а исто така и судиите и судските службеници во тековната година, по потреба ќе изработуваат материјали за советување од определена област, при што во соодветниот оддел ќе се определуваат темите и изготвувачите на темите, како и времето на одржување на советувањето, а материјалот ќе треба да се верификува на соодветниот оддел, за што претседателите на советите, во рамките на одделот, ќе го известат претседателот на судот.
Во текот на 2011 година ќе се изготват збирни прегледи и информации за работата по претставките и предлозите во тековната година, за движењето и решавањето на предметите во Управниот суд и за состојбата со решавањето на старите предмети.
СРЕДБИ И СОВЕТУВАЊА
Заради стручно усовршување на судиите, раководните, стручните и административно - техничките судски службеници во Управниот суд, како и другите припадници на судската служба, ќе се учествува на советувања, семинари и друг вид обуки, што ќе ги организираат Академијата за обука на судии и јавни обвинители, судовите, Здружението на судиитe, државните органи и разни странски асоцијации. Притоа одлука за учество на советувањата и семинарите, ќе донесува претседателот на судот и претседателите на соодветните оддели, во зависност од важноста на прашањата што ќе бидат тема на советувањата, а сите имаат право на подеднакво стручно усовршување.
ДРУГИ ФОРМИ НА РАБОТА
Вработените во судската служба, работата ќе ја остваруваат во рамките на работните задачи, предвидени со актите на Судот и тоа што ќе им биде доверено во работа од страна на претседателот на судот и судскиот администратор.
Секој вработен во судската служба е должен да дава месечен извештај за својата работа, во кој ќе ги евидентира извршените работи во текот на месецот, а кои ќе послужат при оценката на неговата работа.
Судската полиција, со која раководи претседателот на Управниот суд, е должна да врши обезбедување на зградата на Судот, луѓето и предметите и да се обучува теоретски и практично, согласно со планот на претседателот на судот.
Во текот на 2011 година, континуирано ќе се ажурираат податоците за WEB страницата на Судот.
Во текот на годината, програмата соодветно би се дополнувала во согласност со согледаните позитивни или негативни појави, заради зголемување на ефикасноста и ажурноста на Судот.
Претседател на Управниот суд
Розалиа Кочковска
Република Македонија
УПРАВЕН СУД
Су. бр. 01-40/11
13.01.2011 година
С к о п ј е
Претседателот на Управниот суд, Розалиа Кочковска, согласно со член 88 од Законот за судовите („Службен весник на РМ“бр.58/2006; бр.150/2010), на 13.01.2011 година, го утврди следниот:
РАСПОРЕД ЗА РАБОТА НА УПРАВНИОТ СУД
ЗА 2011 ГОДИНА
I
ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СУДОТ
Претседателот на судот, Розалиа Кочковска, ја организира и координира работата во судот, ја обезбедува примената на Судскиот деловник, постапува по предметите од судската управа, евидентирани во евидентните книги „СУ“, „СУ ДОВ“ и „СТР ДОВ“, како и по претставките и предлозите, евидентирани во евидентната книга „УПП“; ги свикува седниците на судиите, на кои се разгледуваат месечните извештаи, тримесечните, шестмесечните и годишниот извештај за работа на судот, како и други прашања во врска со работата на судот, а врши и други работи предвидени со Законот за судовите и Судскиот деловник.
II
ЗАМЕНИК НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СУДОТ
За заменик на претседателот на Управниот суд, се определува судијата Мустафа Шахини.
Заменикот на претседателот, освен редовната судиска работа, ќе го заменува претседателот, во случај на негово отсуство или спреченост да ја извршува својата функција.
III
ПОМОШНО ТЕЛО
Претседателот на Управниот суд, определува помошно тело кое ќе му помага по прашањата од примената на Законот за судовите, Судскиот деловник, годишните извештаи на Управниот суд и слично.
Помошното тело ќе го сочинуваат:
Розалиа Кочковска - претседател на Управниот суд
Мустафа Шахини – судија, заменик на претседателот на судот
Лидија Каначковиќ – судија, претседател на совет, во рамките на V-
от специјализиран судски оддел
Рахилка Стојковска – судија, претседател на совет, во рамките на IV–от специјализиран судски оддел
Виолета Илиевска - судија, претседател на совет, во рамките на III–от специјализиран судски оддел.
IV
СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ СУДСКИ ОДДЕЛИ
Работата по предметите во Управниот суд, се одвива во следните специјализирани судски оддели:
I - СПЕЦИЈАЛИЗИРАН СУДСКИ ОДДЕЛ ЗА ИМОТНО – ПРАВНА ОБЛАСТ, КАТАСТАР И ОБРАЗОВАНИЕ
Во рамките на овој оддел се формира еден совет, во кој се распоредуваат судиите: Изаир Зибери – претседател на совет, Анита Данилова – член на совет и Јелица Крстевска – член на совет.
Во овој совет ќе се одлучува за предимствено право на користење на градежно земјиште, доделување на градежно земјиште, одземање на градежно земјиште, утврдување содржина на недвижности, запишување во катастар на недвижности, образование, права од задолжително здравствено осигурување, лекување во земјата и во странство, надоместоци за набавени лекови и медицински помагала, права од здравствено - санитарен надзор и контрола, молчење на администрацијата, прекршоци и управни договори. Во овој оддел ќе се одлучува и по предметите што се однесуваат на надзорните мерки на инспекторот на трудот, примени во Судот заклучно со 2010 година.
Во рамките на овој оддел, се формира одделение за имотно – правна област, катастар и образование.
Во ова одделение се распоредува стручниот судски службеник Јована Василевска Мициќ – судски соработник за решавање управни спорови.
II - СПЕЦИЈАЛИЗИРАН СУДСКИ ОДДЕЛ ЗА ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА, ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА, ДЕЕКСПРОПРИЈАЦИЈА И ТРАНСФОРМАЦИЈА
Во рамките на овој оддел се формираат два совета. Во првиот совет се распоредуваат судиите: Злата Стамболиска – претседател на совет, Драгослав Радичевски – член на совет и Лулзим Салиу – член на совет. Во вториот совет, се распоредуваат судиите: Злата Стамболиска – претседател на совет, Дијана Димитрова – член на совет и Исмета Амет – член на совет.
Во овие совети ќе се одлучува за денационализација, експропријација, деекспропријација и трансформација, молчење на администрација, прекршоци и управни договори.
Во рамките на овој оддел, се формира одделение за денационализација, експропријација, деекспропријација и трансформација.
Во ова одделение се распоредуваат стручните судски службеници Љубица Стојковска Перковска – виш судски соработник за решавање управни спорови, Мирче Марковски – судски советник за решавање управни спорови и Снежана Кипровска – виш судски соработник за решавање управни спорови.
III - СПЕЦИЈАЛИЗИРАН СУДСКИ ОДДЕЛ ЗА УРБАНИЗАМ И ГРАДЕЖНИШТВО, ВОДОСТОПАНСТВО, ЗЕМЈОДЕЛСТВО, СТОПАНСТВО, СООБРАЌАЈ И ВРСКИ, ИГРИ НА СРЕЌА И РАДИОДИФУЗИЈА
Во рамките на овој оддел се формира еден совет, во кој се распоредуваат судиите: Виолета Илиевска – претседател на совет, Нада Иванова – член на совет и Газменд Фејзуљи – член на совет.
Во овој совет ќе се одлучува за одобрение за градење, одобрение за употреба на објект, мерки на инспекциски надзор, запирање на градба, уривање на објект, станбени, водостопанска согласност, одобрение за изградба на водостопански објект, мерки на инспекциски надзор од водостопанство, мерки на инспекциски надзор од земјоделство, шумарство, одобрение за вршење дејност, мерки на инспекциски надзор, одобрение за вршење линиски превоз, мерки на инспекциски надзор, неразвиени подрачја, игри на среќа и радиодифузија, молчење на администрација, прекршоци и управни договори. Во овој оддел ќе се одлучува и по предметите и прекршоците од 2010 година, што се од областа на државјанството, престојот, матичната евиденција, патните исправи, возилата и оружјето. Оваа област што се однесува на предметите и прекршоците од државјанството, престојот, матичната евиденција, патните исправи, возилата и оружјето, ќе биде во надлежност на овој оддел, во иднина.
Во рамките на овој оддел, се формира одделение за урбанизам и градежништво, водостопанство, земјоделство, стопанство, сообраќај и врски, игри на среќа и радиодифузија.
Во ова одделение се распоредува стручниот судски службеник Емилија Џоневска – судски советник за решавање управни споров.
IV - СПЕЦИЈАЛИЗИРАН СУДСКИ ОДДЕЛ ЗА ПЕНЗИИ И ДРУГИ ПРАВА ОД ПЕНЗИСКО И ИНВАЛИДСКО ОСИГУРУВАЊЕ, ПРАВО ПО ОСНОВ НА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА, ПРАВО ПО ОСНОВ НА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ, ПРАВА ОД ЗДРАВСТВЕНО – САНИТАРЕН НАДЗОР И КОНТРОЛА, НАДЗОРНИ МЕРКИ НА ИНСПЕКТОРОТ НА ТРУДОТ
Во рамките на овој оддел се формираат два совета. Во првиот совет се распоредуваат судиите: Рахилка Стојковска – претседател на совет, Владанка Панчурова Сулејманова – член на совет и Снежана Трповска – член на совет. Во вториот совет се распоредуваат судиите: Рахилка Стојковска – претседател на совет, Едита Насковска – член на совет и Лидија Ивановска – член на совет.
Во овие совети ќе се одлучува за старосна пензија, инвалидска пензија, семејна пензија, земјоделска пензија, распоредување на други соодветни работи, прекфалификација, докфалификација и право на други надоместоци, паричен надоместок за телесно оштетување, утврдување на стаж на осигурување - пензиски стаж, социјална помош, додаток на деца, видување и доделување на деца, помош и нега на друго лице, мирновремена воена инвалиднина, надзорни мерки на инспектор на труд, молчење на администрација, прекршоци и управни договори.
Во рамките на овој оддел, се формира одделение за пензии и други права од пензиско и инвалидско осигурување, право по основ на социјална заштита, право по основ на здравствено осигурување, права од здравствено – санитарен надзор и контрола, надзорни мерки на инспекторот на трудот.
Во ова одделение се распоредуваат стручните судски службеници Мирјанка Тренчевска – виш судски соработник за решавање управни спорови и Игорчо Точев – виш судски соработник за решавање управни спорови.
V - СПЕЦИЈАЛИЗИРАН СУДСКИ ОДДЕЛ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРАВА ПО ОСНОВ НА НЕВРАБОТЕНОСТ, ЈАВНИ ДАВАЧКИ, ДАНОЦИ, ПРИДОНЕСИ, РАБОТНИ ОДНОСИ, АКЦИЗИ, РАЗРЕШУВАЊЕ ОД ДОЛЖНОСТ, АДВОКАТИ, ЕКОНОМИЈА, КОНКУРЕНЦИЈА, ЦЕНРАЛЕН РЕГИСТАР, ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ – ЈАВЕН КАРАКТЕР
Во рамките на овој оддел се формира еден совет, во кој се распоредуваат судиите: Лидија Каначковиќ – претседател на совет, Мустафа Шахини – член на совет и Виолета Богојеска – член на совет.
Во овој совет ќе се одлучува за јавни набавки, евиденција и права по основ на невработеност, надоместок по основ на невработеност, јавни давачки, данок на промет на производи и услуги, персонален данок, данок на добивка, данок на додадена вредност, данок на имот, контрола на данок, присилна наплата, одлагање на извршување, придонес за пензиско и инвалидско осигурување, придонес за здравствено осигурување, работни односи, акцизи, разрешување од должност, адвокати, економија, конкуренција, доминантна позиција, централен регистар, пристап до информации - јавен карактер, молчење на администрација, прекршоци и управни договори.
Во рамките на овој оддел, се формира одделение за јавни набавки, права по основ на невработеност, јавни давачки, даноци, придонеси, работни односи, акцизи, разрешување од должност, адвокати, економија, конкуренција, централен регистар, пристап до информации – јавен карактер.
Раководител на одделението е раководниот судски службеник Јован Трпевски.
VI - СПЕЦИЈАЛИЗИРАН СУДСКИ ОДДЕЛ ЗА ЦАРИНИ, ТАКСИ, НАДОМЕСТОЦИ, СТАТУСНИ ПРАШАЊА, ПАТНИ ИСПРАВИ, ВОЗИЛА, ОРУЖЈЕ, ПРАВА ОД ИНДУСТРИСКА СОПСТВЕНОСТ И АВТОРСКИ ПРАВА, ЖИГ, БАНКАРСКИ РАБОТИ, КОНЦЕСИИ, ОДБРАНА, ДЕЛОВЕН СУБЈЕКТ, ЕНЕРГЕТИКА, ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИ
Во рамките на овој оддел се формираат два совета. Во првиот совет се распоредуваат судиите: Лидија Георгиевска – претседател на совет, Шефајет Хајдари – член на совет и Марта Телегравчиска – член на совет. Во вториот совет, се распоредуваат судиите: Лидија Георгиевска – претседател на совет, Исамедин Лимани – член на совет и Марта Телегравчиска – член на совет.
Во овие совети ќе се одлучува за царини, царински долг, комунална такса, судска такса, надомест за користење градежно земјиште, државјанство, престој, живеалиште, статус на бегалец - азил, матична евиденција, патни исправи, возила, оружје, права од индустриска сопственост и авторски права, жиг, банкарски работи, концесии, одбрана, деловен субјект, енергетика, заштита на споменици, молчење на администрација, прекршоци и управни договори. Што се однесува на областа државјанство, престој, матична евиденција, патни исправи, возила и оружје и прекршоци од оваа област, во овој оддел ќе се одлучуваат само предметите примени во Судот, заклучно со 2009 година.
Во рамките на овој оддел, се формира одделение за царини, такси, надоместоци, статусни прашања, патни исправи, возила, оружје, права од индустриска сопственост и авторски права, жиг, банкарски работи, концесии, одбрана, деловен субјект, енергетика, заштита на споменици.
Во ова одделение се распоредуваат стручните судски службеници Оливера Петковска – виш судски советник за решавање управни спорови и Бојана Мојсовска – виш судски соработник за решавање управни спорови.
Седниците на советите ќе се одржуваат најмалку еднаш во неделата.
По потреба, претседателите на советите меѓусебно ќе се заменуваат, а на ист начин ќе се заменуваат и судиите членови во овие совети.
V
СУДСКИ АДМИНИСТРАТОР
Судски администратор на Управниот суд е раководниот судски службеник Виолета Василева. Судскиот администратор раководи со судската служба и е одговорен за остварување и вршење на стручните и административно – техничките работи на судот.
Судскиот администратор му помага на претседателот на судот во вршењето на работите од судската управа и во спроведување на судскиот деловник.
Стручните судски службеници Ленче Ристоска – судски советник за решавање управни спорови и Даниела Антовска – виш судски советник за решавање управни спорови, му помагаат на судскиот администратор, во извршување на работите од неговиот делокруг и го заменуваат во случај на негово отсуство или привремена спреченост да ја извршува својата работа. Освен тоа судскиот службеник Даниела Антовска, е определена за лице кое ќе го спроведува административниот дел од постапката за јавните набавки во Судот и како службено лице за посредување со информации од јавен карактер во овој Суд, додека судскиот службеник Ленче Ристоска, е определена за одговорно лице за односи со јавноста, кое ќе работи во канцеларијата за односи со јавноста.
VI
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ПО ПРЕТСТАВКИ И ПРЕДЛОЗИ
Во ова одделение се распоредува стручниот судски службеник Анета Џигерова – судски соработник за постапување по претставки и предлози.
VII
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИНФОРМАТИКА
Во ова одделение се распоредува судскиот службеник Драги Јосимовски – судски советник во одделението за информатика.
VIII
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ФИНАНСИСКО И МАТЕРИЈАЛНО РАБОТЕЊЕ
Во ова одделение се распоредуваат: - раководниот судски службеник Зоран Јовановски, како раководител на одделението и административно – техничките судски службеници Мимоза Чупеска - самостоен судски референт – сметководител и Светлана Терзиска - виш судски референт – благајник.
АДМИНИСТРАТИВНО – ТЕХНИЧКИ СУДСКИ СЛУЖБЕНИЦИ
Марика Петковска – самостоен судски референт – технички секретар на претседателот на судот
Ирена Пауновска - судски референт – технички секретар на судскиот администратор
Анета Алексовска - самостоен судски референт за прием и експедиција на пошта
Соња Величковска - самостоен судски референт – водител на писарница
Ширете Речи - виш судски референт – извршител во писарница
Елена Василевска - виш судски референт – извршител во писарница
Милица Аврамовска - виш судски референт – извршител во писарница
Весна Михајлова - виш судски референт – извршител во писарница
Наташа Кузмановска - виш судски референт – извршител во писарница
Драгослава Арсовска - виш судски референт– извршител во писарница
Нада Иванова - виш судски референт – извршител во писарница
Елизабета Анчевска - виш судски референт – извршител во писарница
Лилјана Јосифовска - виш судски референт – извршител во писарница
Ирена Карагонова - виш судски референт за обработка на документација - дактилограф
Горан Величков - виш судски референт за обработка на документација - дактилограф
Лилјана Стојановска - виш судски референт за обработка на документација – дактилограф
Славица Лазороска - виш судски референт за обработка на документација – дактилограф
Александра Гоческа Крстевска - виш судски референт за обработка на документација – дактилограф
Бојана Ѓаковска - виш судски референт за обработка на документација – дактилограф
Весна Коцеска - виш судски референт за обработка на документација – дактилограф
Рената Николова - виш судски референт за обработка на документација – дактилограф
Марија Анчева - виш судски референт за обработка на документација – дактилограф
Лазар Николовски - судски референт - доставувач
Рахман Исуфи – судски референт – доставувач
во рамките на техничката СЛужба се распоредуваат
ВРАБОТЕНИТЕ ЛИЦА КОИ ВРШАТ ТЕХНИЧКИ И ПОМОШНИ РАБОТИ
Игор Брзаковски – економ
Гоце Тримчевски – возач
СУДСКА ПОЛИЦИЈА
Александар Костовски - припадник на судска полиција
Елена Котадиноска - припадник на судска полиција
Симе Котевски - припадник на судска полиција
Откако во Управниот суд кадровски ќе се пополнат предвидените а непополнети работни места сосгласно со Правилникот за систематизација на работните места, распоредот за работа ќе се дополни.
Претседател на Управниот суд
Розалиа Кочковска
Согласно со член 90 од Законот за судска служба („Службен весник на РМ“бр.98/2008;161/2008 и 6/2009), по повод донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за судска служба („Службен весник на РМ“бр.150/2010), а по претходно барање од Советот на судска служба, претседателот на Управниот суд донесе
П Р А В И Л Н И К
за внатрешна организација на Управниот суд
( Пречистен текст )
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овој Правилник се уредуваат прашањата на внатрешната организација на работните места во Управниот суд во зависност од надлежноста утврдена со закон, групирањето на работите и задачите според видот, обемот, сложеноста и нивната меѓусебна сродност и поврзаност.
Член 2
Со внатрешната организација утврдена со овој Правилник се обезбедува: законито, стручно, ефикасно и рационално вршење на работите и задачите, независност и одговорност при вршењето на работите и задачите.
Член 3
Вршењето на работите на судските службеници во Управниот суд се организира и врши преку раководни судски службеници, стручни судски службеници, административно – технички судски службеници, во следните организациони единици:
I – специјализиран судски оддел за имотно – правна област и други права, со ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИМОТНО – ПРАВНА ОБЛАСТ И други права, формирано во рамките на специјализираниот судски оддел
II – специјализиран судски оддел за денационализација и други права, со ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА И ДРУГИ ПРАВА, формирано во рамките на специјализираниот судски оддел
III – специјализиран судски оддел за урбанизам, градежништво и други права со ОДДЕЛЕНИЕ ЗА УРБАНИЗАМ, ГРАДЕЖНИШТВО И ДРУГИ ПРАВА, формирано во рамките на специјализираниот судски оддел
IV – специјализиран судски оддел за пензии, права од пензиско и инвалидско осигурување и други права со одделение за пензии, права од пензиско и инвалидско осигурување и други права, формирано во рамките на специјализираниот судски оддел
V – специјализиран судски оддел за јавни набавки и други права со ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ И ДРУГИ ПРАВА, формирано во рамките на специјализираниот судски оддел
VI – специјализиран судски оддел за царини и други права со ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЦАРИНИ И ДРУГИ ПРАВА, формирано во рамките на специјализираниот судски оддел
VII. СТРУЧНО ПРАВНА СЛУЖБА
VIII. АДМИНИСТРАТИВНО ТЕХНИЧКА СЛУЖБА
IX. ОДДЕЛ ЗА СУДСКА ПРАКТИКА
X. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ПО ПРЕТСТАВКИ И ПРЕДЛОЗИ
XI. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИНФОРМАТИКА
XII. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ФИНАНСИСКО И МАТЕРИЈАЛНО РАБОТЕЊЕ
XIII. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
XIV. Канцеларија за односи со јавноста
I – специјализиран судски оддел за имотно – правна област и други права
Во овој оддел се одлучува за приватизација на градежно земјиште; молчење на администрација од областа на приватизација на градежно земјиште; трансформација на градежно земјиште; молчење на администрација од областа на трансформација на градежно земјиште; предимствено право на користење на градежно земјиште, доделување на градежно земјиште, одземање на градежно земјиште, молчење на администрација од имотно – правна област; управни договори од имотно – правна област; трансформација; молчење на администрација од областа на трансформацијата; управни договори од областа на трансформацијата; утврдување содржина на недвижности; запишување во катастар на недвижности; измена во катастарска евиденција; молчење на администрација од областа на катастар; управни договори од областа на катастар; образование; молчење на администрација од областа на образованието; управни договори од областа на образованието; работни односи од областа на образованието; мерки на инспекциски надзор од областа на работните односи од областа на образованието; молчење на администрација од областа на работните односи од областа на образованието; управни договори од областа на работните односи од областа на образованието; права од задолжително здравствено осигурување; лекување во земјата и во странство; надоместоци за набавени лекови и медицински помагала; приватна здравствена организација; молчење на администрација од областа на права по основ на здравствено осигурување; управни договори од областа на права по основ на здравствено осигурување; права од здравствено - санитарен надзор и контрола; молчење на администрација од областа на права од здравствено - санитарен надзор и контрола; управни договори од областа на права од здравствено - санитарен надзор и контрола; други основи од областа и прекршоци;
- СУДСКО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИМОТНО – ПРАВНА ОБЛАСТ И ДРУГИ ПРАВА, формирано во рамките на специјализираниот судски оддел
- се извршуваат стручно – правните работи за управни спорови што опфаќа подготовка на реферати од управната област (имотно – правна област и други права што спаѓаат во надлежност на соодветниот специјализиран судски оддел) и нацрт – начелни ставови и начелни правни мислења од овие области, се изготвуваат анализи, информации и прегледи за одделни правни прашања од овие области, заради воедначување на судската практика и обезбедување единствено стојалиште во примена на законите, работа по конкретни предмети со изготвување на нацрт – одлуки и проучување на одлуките на советите во судот, особено од аспект на евенутални разлики во ставовите по исти правни прашања, изготвување на извештаи за годишната работа на советите и други работи по овластување на претседателот на судот, претседателот на одделот и овластувањата на судскиот администратор.
II – специјализиран судски оддел за денационализација и други права
Во овој оддел се одлучува за трансформација на претпријатија со општествен капитал; молчење на администрација од областа на трансформација на претпријатија со општествен капитал; управни договори од областа на трансформација на претпријатија со општествен капитал; денационализација; молчење на администрација од областа на денационализација; управни договори од областа на денационализација; експропријација; молчење на администрација од областа на експропријација; управни договори од областа на експропријација; деекспропријација; молчење на администрација од областа на деекспропријација; управни договори од областа на деекспропријација; други основи од областа и прекршоци;
- СУДСКО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА И ДРУГИ ПРАВА, формирано во рамките на специјализираниот судски оддел
- се извршуваат стручно – правните работи за управните спорови, што опфаќа подготовка на реферати од управната област (денационализација и други права, што спаѓаат во надлежност на соодветниот специјализиран судски оддел) и нацрт – начелни ставови и начелни правни мислења од овие области, се изготвуваат анализи, информации и прегледи за одделни правни прашања од овие области, заради воедначување на судската практика и обезбедување единствено становиште во примена на законите, работа по конкретни предмети со изготвување на нацрт – одлуки и проучување на одлуките на советите во судот, особено од аспект на евенутални разлики во ставовите по исти правни прашања, изготвување на извештаи за годишната работа на советите и други работи по овластување на претседателот на судот, претседателот на одделот и овластувањата на судскиот администратор.
III – специјализиран судски оддел за урбанизам, градежништво и други права
Во овој оддел се одлучува за возила; молчење на администрација од областа на возила; управни договори од областа на возила; патни исправи; молчење на администрација од областа на патни исправи; управни договори од областа на патни исправи; државјанство; престој; матична евиденција; оружје; молчење на администрација од областа на оружје; управни договори од областа на оружје; одобрение за градење; молчење на администрација од областа на одобрение за градење; мерки на инспекциски надзор од областа на одобрение за градење; одобрение за употреба на објект; мерки на инспекциски надзор; запирање на градба; уривање на објект; станбени; молчење на администрација од областа на просторно и урбанистичко планирање; прекин на градба; молчење на администрација од областа на прекин на градба; мерки на инспекциски надзор од областа на прекин на градба; отстранување на градба, објект, времен објект; мерки на инцпекциски надзор од областа на отстранување на градба, објект, времен објект; одобрение за реконструкција, пренамена, адаптација; молчење на администрација од областа на одобрение за реконструкција, пренамена, адаптација; мерки на инспекциски надзор од областа на одобрение за реконструкција, пренамена, адаптација; молчење на администрација од областа на градежништвото; управни договори од областа на градежништвото; решение за локациски услови; молчење на администрација од областа на решение за локациски услови; мерки на инспекциски надзор од областа на решение за локациски услови; молчење на администрација од областа на просторно и урбанистичко планирање; управни договори од областа на просторно и урбанистичко планирање; воздухопловство; молчење на администрација од областа на воздухопловство; управни договори од областа на воздухопловство; линиски превоз; одобрение за вршење линиски превоз; мерки на инспекциски надзор од областа на линиски превоз; молчење на администрација од областа на линиски превоз; управни договори од областа на линиски превоз; неразвиени подрачја; молчење на администрација од областа на сообраќајот и врските; управни договори од областа на сообраќајот и врските; електронски комуникации; молчење на администрација од областа на електронски комуникации; мерки на инспекциски надзор од областа на електронски комуникации; управни договори од областа на електронски комуникации; радиодифузија; молчење на администрација од областа на радиодифузија; мерки на инспекциски надзор од страна на Советот за радиодифузија; управни договори од областа на радиодифузијата; комунална дејност; мерки на инспекциски надзор од областа на комунална дејност; молчење на администрација од областа на комунална дејност; управни договори од областа на комунална дејност; животна средина; мерки на инспекциски надзор од областа на животна средина; молчење на администрација од областа на животна средина; управни договори од областа на животната средина; водостопанска согласност; одобрение за изградба на водостопански објект; мерки на инспекциски надзор од водостопанство; молчење на администрација од областа на водостопанството; управни договори од областа на водостопанство; шумарство; одлука за раскинување на договор за закуп; мерки на инспекциски надзор од земјоделството; молчење на администрација од областа на земјоделството; управни договори од областа на земјоделството; финансиска поддршка за рурален развој; молчење на администрација од областа на финансиска поддршка за рурален развој; управни договори од областа на финансиска поддршка за рурален развој; надомест за заклан добиток; поврат на средства од субвенции; молчење на администрација од областа на поврат на средства од субвенции; управни договори од областа на поврат на средства од субвенции; сточарство; молчење на администрација од областа на сточарство; мерки на инспекциски надзор од областа на сточарство; управни договори од областа на сточарство; ветеринарство; молчење на администрација од областа на ветеринарство; мерки на инспекциски надзор од областа на ветеринарство; управни договори од областа на ветеринарство; лов; молчење на администрација од областа на лов; мерки на инспекциски надзор од областа на лов; управни договори од областа на лов; риболов; молчење на администрација од областа на риболов; мерки на инспекциски надзор од областа на риболов; управни договори од областа на риболов; други основи од областа и прекршоци;
- СУДСКО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА УРБАНИЗАМ, ГРАДЕЖНИШТВО И ДРУГИ ПРАВА, формирано во рамките на специјализираниот судски оддел
- се извршуваат стручно – правните работи за управни спорови што опфаќа подготовка на реферати од управната област (урбанизам, градежништво и други права, што спаѓаат во надлежност на соодветниот специјализиран судски оддел) и нацрт – начелни ставови и начелни правни мислења од овие области, се изготвуваат анализи, информации и прегледи за одделни правни прашања од овие области, заради воедначување на судската практика и обезбедување единствено становиште во примена на законите, работа по конкретни предмети со изготвување на нацрт – одлуки и проучување на одлуките на советите во судот, особено од аспект на евенутални разлики во ставовите по исти правни прашања, изготвување на извештаи за годишната работа на советите и други работи по овластување на претседателот на судот, претседателот на одделот и овластувањата на судскиот администратор.
IV – специјализиран судски оддел за пензии, права од пензиско и инвалидско осигурување и други права
Во овој оддел се одлучува за старосна пензија; инвалидска пензија; семејна пензија; земјоделска пензија; најнизок износ на пензија; усогласување на пензија; нов износ на пензија; распоредување на други соодветни работи, преквалификација, доквалификација и право на други надоместоци; паричен надоместок за телесно оштетување; професионална рехабилитација; утврдување на стаж на осигурување - пензиски стаж; молчење на администрација од областа на пензии и други права од пензиско и инвалидско осигурување; управни договори од областа на пензии и други права од пензиско и инвалидско осигурување; социјална помош; додаток на деца; видување на деца; доделување на деца; посвојување на дете; старателство; право на парична помош на мајка која родила четврто дете; надомест на плата за скратено работно време поради нега на телесно или интелектуално попречено дете; право на здравствена заштита; еднократна помош; постојана парична помош; помош и нега на друго лице; мирновремена воена инвалиднина; молчење на администрација од областа на права по основ на социјална заштита; управни договори од областа на права по основ на социјална заштита; надзорни мерки на инспекторот на трудот; молчење на администрација од областа на надзорни мерки на инспекторот на трудот; управни договори од областа на надзорни мерки на инспекторот на трудот; други основи од областа и прекршоци;
- СУДСКО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ПЕНЗИИ, права од пензиско и инвалидско осигурување и други права, формирано во рамките на специјализираниот судски оддел
- се извршуваат стручно – правните работи за управни спорови што опфаќа подготовка на реферати од управната област (пензии и други права од пензиско и инвалидско осигурување и други права што спаѓаат во надлежност на соодветниот специјализиран судски оддел) и нацрт – начелни ставови и начелни правни мислења од овие области, се изготвуваат анализи, информации и прегледи за одделни правни прашања од овие области, заради воедначување на судската практика и обезбедување единствено становиште во примена на законите, работа по конкретни предмети со изготвување на нацрт – одлуки и проучување на одлуките на советите во судот, особено од аспект на евенутални разлики во ставовите по исти правни прашања, изготвување на извештаи за годишната работа на советите и други работи по овластување на претседателот на судот, претседателот на одделот и овластувањата на судскиот администратор.
V – специјализиран судски оддел за јавни набавки и други права
Во овој оддел се одлучува за јавни набавки; молчење на администрација од областа на јавни набавки; управни договори од областа на јавни набавки; евиденција по основ на невработеност; права по основ на невработеност; надоместок по основ на невработеност; молчење на администрација од областа на права по основ на невработеност; управни договори од областа на права по основ на невработеност; разрешување од должност - носители на јавна функција; јавни давачки; молчење на администрација од областа на јавни давачки; управни договори од областа на јавни давачки; данок на промет на производи и услуги; персонален данок; данок на добивка; данок на додадена вредност; данок на имот; молчење на администрација од областа на даноци; управни договори од областа на даноци; контрола на данок; молчење на администрација од областа на контрола на данок, управни договори од областа на контрола на данок; присилна наплата; молчење на администрација од областа на присилна наплата; управни договори од областа на присилна наплата; одлагање на извршување; молчење на администрација од областа на одлагање на извршување; управни договори од областа на одлагање на извршување; придонеси за пензиско и инвалидско осигурување; придонес за здравствено осигурување; молчење на администрација од областа на придонеси; управни договори од областа на придонеси; работни односи; управни договори од областа на работни односи; молчење на администрација од областа на работни односи; заштита на лични податоци; пристап до информации од јавен карактер (заштита на лични податоци); молчење на администрација од областа на заштита на личните податоци; управни договори од областа на заштита на личните податоци; одобрение за вршење дејност; молчење на администриција од областа на стопанството; управни договори од областа на стопанството; мерки на инспекциски надзор од областа на стопанството; забрана за вршење дејност, игри на среќа; молчење на администрација од областа на игрите на среќа; управи договори од областа на игрите на среќа; дозвола од игри на среќа; дозвола од осигурување; обвинители; молчење на администрација од областа на обвинители; управни договори од областа на обвинители; нотари; молчење на администрација од областа на нотари; управни договори од областа на нотари; извршители, молчење на администрација од областа на извршители; управни договори од областа на извршители; адвокати; молчење на администрација од областа на адвокати; управни договори од областа на адвокати; класифицирани информации; сертификати; разрешување од должност од областа на образованието; молчење на администрација од областа на разрешување од должност; управни договори од областа на разрешување од должност; економија; молчење на администрација од областа на економијата; управни договори од областа на економијата; конкуренција (доминитна позиција); молчење на администрација од областа на конкуренција (доминантна позиција); управни договори од областа на конкуренција (доминантна позиција); централен регистар; молчење на администрација од областа на централен регистар; управни договори од областа на централен регистар; пристап до информации од јавен карактер; молчење на администрација од областа на пристап до информации од јавен карактер; управни договори од областа на пристап до информации од јавен карактер; други основи од областа и прекршоци;
- СУДСКО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ И ДРУГИ ПРАВА, формирано во рамките на специјализираниот судски оддел
- се извршуваат стручно – правните работи за управни спорови што опфаќа подготовка на реферати од управната област (јавни набавки и други права што спаѓаат во надлежност на соодветниот специјализиран судски оддел) и нацрт – начелни ставови и начелни правни мислења од овие области, се изготвуваат анализи, информации и прегледи за одделни правни прашања од овие области, заради воедначување на судската практика и обезбедување единствено становиште во примена на законите, работа по конкретни предмети со изготвување на нацрт – одлуки и проучување на одлуките на советите во судот, особено од аспект на евенутални разлики во ставовите по исти правни прашања, изготвување на извештаи за годишната работа на советите и други работи по овластување на претседателот на судот, претседателот на одделот и овластувањата на судскиот администратор.
VI – специјализиран судски оддел за царини и други права
Во овој оддел се одлучува за права од индустриска сопственост; молчење на администрација од областа на права од индустриска сопственост; управни договори од областа на права од индустриска сопственост; жиг; молчење на администрација од областа на жиг; управни договори од областа на жиг; банкарски работи; молчење на администрација од областа на банкарски работи; управни договори од областа на банкарски работи; концесии; молчење на администрација од областа на концесии; управни договори од областа на концесии; акцизи; молчење на администрација од областа на акцизи; управни договори од областа на акцизи; одбрана; молчење на администрација од областа на одбрана; управни договори од областа на одбрана; деловен субјект; молчење на администрација од областа на деловен субјект; управни договори од областа на деловен субјект; енергетика; молчење на администрација од областа на енергетика; управни договори од областа на енергетика; заштита на споменици; молчење на администрација од областа на заштита на споменици; управни договори од областа на заштита на споменици; авторски права; молчење на администрација од областа на авторски права; управни договори од областа на авторски права; хартии од вредност; молчење на администрација од областа на хартии од вредност; управни договори од областа на хартии од вредност; царини; молчење на администрација од областа на царини; управни договори од областа на царини; комунална такса; судска такса; молчење на администрација од областа на такси; управни договори од областа на такси; надомест за користење градежно земјиште; молчење на администрација од областа на надоместоци; управни договори од областа на надоместоци; живеалиште; статус на бегалец – азил; молчење на администрација од областа на статусни прашања; управни договори од областа на статусни прашања; други основи од областа и прекршоци;
- СУДСКО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЦАРИНИ И ДРУГИ ПРАВА, формирано во рамките на специјализираниот судски оддел
- се извршуваат стручно – правните работи за управни спорови што опфаќа подготовка на реферати од управната област (царини и други права што спаѓаат во надлежност на соодветниот специјализиран судски оддел) и нацрт – начелни ставови и начелни правни мислења од овие области, се изготвуваат анализи, информации и прегледи за одделни правни прашања од овие области, заради воедначување на судската практика и обезбедување единствено становиште во примена на законите, работа по конкретни предмети со изготвување на нацрт – одлуки и проучување на одлуките на советите во судот, особено од аспект на евенутални разлики во ставовите по исти правни прашања, изготвување на извештаи за годишната работа на советите и други работи по овластување на претседателот на судот, претседателот на одделот и овластувањата на судскиот администратор.
VII. СТРУЧНО ПРАВНА СЛУЖБА:
- во стручно правната служба се врши непосредна контрола и надзор над извршувањето на работите од страна на стручните судски службеници, се вршат организациони и оперативни работи во врска со изборот и вработувањето на раководните и стручните судски службеници, се врши оценување на стручните судски службеници и се вршат други работи во рамките на службата.
VIII. АДМИНИСТРАТИВНО ТЕХНИЧКА СЛУЖБА:
- во административно техничка служба се врши непосредна контрола и надзор над извршувањето на работите од страна на административно техничките службеници и лицата кои вршат технички и помошни работи, се вршат организациони и оперативни работи во врска со изборот и вработувањето на административно техничките судски службеници, се врши оценување на административно техничките судски службеници и се вршат други работи во рамките на службата.
IX. СУДСКИ ОДДЕЛ ЗА СУДСКА ПРАКТИКА:
- се вршат работи со кои се усогласува работата на сите судски оддели во извршување на задачите што се однесуваат на проучување и евиденција на судската практика, се средуваат и финализираат сентенците, се преземаат активности за издавање Збирка на судски одлуки и се организира постапката за едукација на судиите и судските службеници во Управниот суд.
X. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ПО ПРЕТСТАВКИ И ПРЕДЛОЗИ:
- се вршат работите во врска со претставките и предлозите доставени до Судот
XI. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИНФОРМАТИКА:
- се вршат работите што се однесуваат на подготвување на ИТ стратегија за судот, развој на информацискиот систем кој обезбедува подобрен и транспарентен сервис на граѓаните, работа со официјалните лица на судовите за да се идентифицираат процесите што можат да се подобрат со воведување нова технологија, надгледување на набавката и развојот на нови апликациски системи, надгледување на компјутерските операции на судот, надгледување на мрежата на системот, обезбедување техничка поддршка и обука за компјутерските операции и одржување на локалната мрежа во соработка со крајните корисници, обезбедување поддршка на апликацијата и обуката таму каде што е потребно, развивање план за одржување, безбедност и заштитен план за опоравување во критични ситуации во целокупниот информациски систем, раководење со целокупната комуникација помеѓу судот и надворешните ентитети и одржување на помошните регистри, обезбедување техничка поддршка на сите крајни корисници за користење на новата технологија и друго.
XII. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ФИНАНСИСКО И МАТЕРИЈАЛНО РАБОТЕЊЕ:
- се вршат финансиско – материјалните работи во Управниот суд.
XIII. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ:
- се вршат работи од гледна точка на остварување на правата и обврските на вработените во Управниот суд, од областа на работните односи.
XIV. Канцеларија за односи со јавноста:
- заинтересираните лица се обраќаат заради информирање во врска со начинот на постапување на Управниот суд и за други прашања од делокругот на Судот и на нивно барање, се издаваат копии, односно електронски записи на анонимизирани судски одлуки објавени на интернет страната на Судот.
Член 4
Во Управниот суд се организира:
СУДСКА ПОЛИЦИЈА:
Судската полиција ги обезбедува објектите, имотот и лицата и го одржува редот во судскиот простор.
ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 6
Овој Правилник влегува во сила со денот на објавувањето на огласната табла на Судот, по добиената согласност од Советот на судска служба.
Претседател на Управниот суд
Розалиа Кочковска
Согласно со член 90 од Законот за судска служба („Службен весник на РМ“бр.98/2008;161/2008 и 6/2009), по повод донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за судска служба („Службен весник на РМ“бр.150/2010), а по претходно барање од Советот на судска служба, претседателот на Управниот суд донесе
П Р А В И Л Н И К
за систематизација на работните места во Управниот суд
(Пречистен текст)
I.ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овој правилник се утврдува бројот на работните места потребни за извршување на надлежностите на Управниот суд, распоредот на работните места по организациони облици, називите на звањата и работните места, описот на работите и задачите по работни места, посебните услови потребни за вршење на работите и задачите, бројот на судските службеници, на лицата вработени во судот кои вршат технички и помошни работи и на судската полиција, а се уредуваат и други прашања од надлежност на Управниот суд.
Член 2
Работните места во Управниот суд се групираат во организациони облици според области, вид, обем, сложеност, нивна меѓусебна сродност и поврзаност, како и други услови потребни за нивно извршување.
Член 3
Работните места, работите и задачите и посебните услови утврдени во овој правилник, се основ за вработување и распоредување на лицата кои во Управниот суд ја сочинуваат судската служба.
Член 4
Вработувањето на судските службеници во Управниот суд, се врши согласно критериумите утврдени во Законот за судовите, Законот за судска служба, како и посебните услови утврдени со овој Правилник.
Член 5
Вработените лица во Управниот суд: работник во бифе, хаус мајстор, хигиеничар, оператор на телефонска централа, економ и возач, немаат статус на судски службеници и за нив важат општите прописи за работните односи.
Вработените лица од ставот 1 на овој член се распоредени во Техничката служба.
II. ОПИС НА РАБОТНИТЕ МЕСТА И ЗВАЊА ВО УПРАВНИОТ СУД
Член 6
Судски администратор
- раководи со судската служба;
- одговорен е за остварување и вршење на стручните и административно техничките работи на судот;
- му помага на претседателот на судот во вршење на работите од судската управа и во спроведување на Судскиот деловник;
- се грижи за спроведување на одлуките, упатствата и укажувањата на претседателот на судот;
- ги оценува раководните судски службеници;
- присуствува на седници на судии и го следи спроведувањето на донесените одлуки и заклучоци од седниците;
- дава упатства за работа на другите раководни судски службеници, дава упатства за работа и потребната стручна помош во работата и вршење на работата на судската служба;
- се грижи за правилно извршување на работите во врска со персоналните прашања и за тоа дава насоки за работа на надлежните судски службеници;
- се грижи и го контролира почетокот, користењето и завршувањето на работното време на судската служба;
- го следи текот на извршување на работите на судската служба и се грижи за уредно и навремено извршување на работите и работните задачи на судската служба;
- се грижи за постапување по „Су“ поштата, според упатствата на претседателот на судот;
- врши прием на странки по нивно барање;
- го применува Судскиот деловник во своето работење;
- ја следи работата на судските службеници во примена на постојните информатичко технолошки системи;
- носи одлуки кои произлегуваат од работен однос;
- врши распоредување на судските службеници на соодветни работни места;
- изготвува план за годишни одмори на вработените во судот;
- формира комисии за вработување и за водење на дисциплинска постапка и други комисии согласно со закон;
- изрекува дисциплински мерки;
- за својата работа одговара во рамките на своите овластувања.
Број на извршители 1.
Услови за вршење на работите:
300 кредити според ЕКТС правен факултет со положен правосуден испит или завршен VII/1 степен правен факултет со положен правосуден испит и најмалку 5 години работно искуство на правни работи по положување на правосудниот испит.
Член 7
Самостоен судски советник
- врши најсложени работи во судот кои бараат посебна самостојност и стручност;
- изготвува реферати по правни прашања определени на седница на одделите со предлог начелни правни ставови и правни мислења;
- континуирано ги следи прописите и примената на меѓународните договори што Република Македонија ги ратификувала;
- дава личен придонес при оформување на ставовите и мислењата за прашања кои бараат одлуки од највисоко ниво на судот;
- ги подготвува усвоените начелни правни ставови и правни мислења за објавување на веб страната;
- изготвува нацрт одлуки по конкретни сложени предмети;
- ја следи практиката на Судот и ги проучува судските одлуки особено од гледна точка на евентуални разлики во ставовите по исти прашања и своите согледувања му ги соопштува на претседателот на одделот;
- ја следи практиката и проблемите во работата на судовите во Република Македонија и за тоа ги известува судиите и претседателот на одделот за евентуалните различни ставови, а од интерес за воедначување на судската практика;
- подготвува информации, анализи и прегледи за одделни правни прашања од овие области, а заради воедначување на судската практика на советите во одделите и обезбедување на единствени стојалишта во примената на законите од страна на судовите;
- активно учествува на советувања, семинари и други состаноци во врска со разгледувањето на правни прашања и примената на законите по однос на работата на судството;
- непосредно одговара за својата работа, во рамките на своите овластувања, пред судскиот администратор.
Број на извршители 1.
Услови за вршење на работите:
300 кредити според ЕКТС правен факултет со положен правосуден испит или завршен VII/1 степен правен факултет со положен правосуден испит и најмалку 4 години работно искуство на правни работи по положување на правосудниот испит.
Член 8
Раководител на стручно-правна служба
- раководи со стручно правната служба;
- ја организира, насочува и координира работата во службата;
- врши непосредна контрола и надзор над извршувањето на работите во службата, дава упатства за работа и потребна стручна помош во работата и вршењето на работата во службата;
- се грижи за остварување на планот за работа;
- се грижи за редот и работната дисциплина на вработените во службата;
- ги извршува персоналите работи и води евиденција за сите прашања од работните односи за вработените во службата;
- изготвува периодични и годишни извештаи за работата во службата;
- раководи со Комисијата за избор на судски службеници и ги организира просторните и техничките услови за непречено одвивање на испитот при вработувањето на раководните и стручните судски службеници;
- се грижи за севкупните потреби на службата во однос на потребниoт канцелариски материјал и другите потреби;
- учествува во планирањето на јавните набавки;
- одговорен е за примената на постојните информатичко технолошки системи;
- непосредно одговара за својата работа, во рамките на своите овластувања, пред судскиот администратор.
Број на извршители 1.
Услови за вршење на работите:
300 кредити според ЕКТС правен факултет со положен правосуден испит или завршен VII/1 степен правен факултет со положен правосуден испит и најмалку 4 години работно искуство на правни работи по положување на правосудниот испит
Член 9
Раководител на административно-техничката служба
- раководи со административно техничката служба;
- ја организира, насочува и координира работата во службата;
- врши непосредна контрола и надзор над извршувањето на работите во службата, дава упатства за работа и потребна стручна помош во работата и вршењето на работата во службата;
- се грижи за остварување на планот за работа;
- се грижи за редот и работната дисциплина на вработените во службата;
- ги извршува персоналите работи и води евиденција за сите прашања од работните односи за вработените во службата;
- изготвува периодични и годишни извештаи за работата во службата;
- раководи со Комисијата за избор на судски службеници и ги организира просторните и техничките услови за непречено одвивање на испитот при вработувањето на судски службеници;
- се грижи за севкупните потреби на службата во однос на потребниoт канцелариски материјал и другите потреби;
- учествува во планирањето на јавните набавки;
- одговорен е за примената на постојните информатичко технолошки системи;
- непосредно одговара за својата работа, во рамките на своите овластувања, пред судскиот администратор.
Број на извршители 1.
Услови за вршење на работите:
300 кредити според ЕКТС правен факултет со положен правосуден испит или завршен VII/1 степен правен факултет со положен правосуден испит и најмалку 4 години работно искуство на правни работи по положување на правосудниот испит.
Член 10
Раководител на судско одделение
- раководи со едно од судските одделенија опишани во Правилникот за внатрешна организација на Управниот суд и тоа судското одделение за имотно правна област и други права; судското одделение за денационализација и други права; судското одделение за урбанизам, градежништво и други права; судското одделение за пензии, права од пензиско и инвалидско осигурување и други права; судското одделение за јавни набавки и други права и судското одделение за царини и други права;
- ја организира и координира работата во врска со постапувањето со судските предмети во одделението;
- врши непосредна контрола и надзор над извршување на работите;
- ги распоредува работите и задачите на вработените во рамките на одделението, им дава упатства за работа и потребна стручна помош во работата и вршењето на работите и задачите и го следи текот на извршувањето на работите;
- одговара за навремено, законито и квалитетно вршење на работите и задачите што се вршат во одделението;
- остварува редовни контакти со другите раководни судски службеници и разменува информации и искуства;
- учествува во одлучување за спроведување на конкретни одлуки за работите што се вршат во одделението по претходни инструкции од повисоко ниво и дава препораки за нивна имплементација;
- изготвува периодични и годишни извештаи за работата во одделението;
- дава предлози за обуки за стручно усовршување;
- учествува на советувања, семинари и други форми на професионално надградување и размена на искуства од областа која ја покрива одделението;
- континуирано ги следи прописите во врска со уредувањето на прашањата во областа во која работи како и примената на меѓународните договори што Република Македонија ги ратификувала;
- учествува во работата по предметите од делокругот на одделението, присуствува на судења, води евиденција за одржани судења и изготвува нацрт одлуки;
- подготвува правни мислења што се утврдуваат во одделението, а заради воедначување на судска практика и унапредување на методот на работа;
- присуствува на седниците на судиите и судските оддели;
- врши анализа, оценување и проценување на прашањата и проблемите што се појавуваат;
- се грижи за примена на постојните информатичко технолошки системи;
- иницира нови идеи за работа од областа што ја покрива одделението;
- врши оценување на работата на вработените во одделението;
- непосредно одговара за својата работа, во рамките на своите овластувања, пред судскиот администратор.
Број на извршители 6.
Услови за вршење на работите:
300 кредити според ЕКТС правен факултет со положен правосуден испит или завршен VII/1 степен правен факултет со положен правосуден испит и најмалку 2 години работно искуство на правни работи по положување на правосудниот испит.
Член 11
Виш судски советник за решавање управни спорови
- самостојно извршува најсложени работи и задачи што се вршат во одделот во кој е распореден со повремени упатства и назор на претседателот на одделот, а кои се однесуваат на правни и процесни работи во постапувањето по предметите и изготвувањето на одлуките, управни и стручно оперативни работи;
- континуирано ги следи прописите во врска со уредувањето на прашањата во областа во која работи како и примената на меѓународните договори што Република Македонија ги ратификувала;
- работи на најсложените предмети, присуствува на судења, води евиденција за одржани судења и изготвувa нацрт одлуки;
- подготвува реферати и нацрт начелни ставови и начелни правни мислења;
- дава личен придонес при оформувањето на ставовите и мислењата за прашања кои бараат одлуки од највисоко ниво на судот;
- изготвува материјали за семинари и советувања, посебно од областа на едукацијата на стручните судски службеници за поодделни области;
- подготвува информации, анализи и прегледи за одделни правни прашања од овие области, а заради воедначување на судската практика на советите во одделите и обезбедување на единствени стojaлишта во примената на законите од страна на судовите;
- ја следи практиката на судот и ги проучува судските одлуки особено од аспект за евентуални разлики во ставовите по исти прашања и своите согледувања му ги соопштува на претседателот на одделот;
- ја следи практиката и проблемите во работата на судовите во Република Македонија и за тоа ги известува судиите и претседателот на одделот за евентуалните различни ставови, а од интерес на воедначување на судската практика;
- учествува на советувања, семинари и средби во врска со разгледувањето на правни прашања и примената на законите по однос на работата на судството;
- го применува Судскиот деловник во своето работење;
- ги применува постојните информатичко технолошки системи;
- одговара за својата работа во рамките на своите овластувања пред непосредно претпоставениот раководен судски службеник и судскиот администратор.
Број на извршители 4.
Услови за вршење на работите:
Најмалку 240 кредити според ЕКТС правен факултет со положен правосуден испит или завршен VII/1 степен правен факултет со положен правосуден испит и најмалку 3 години работно искуство на правни работи.
Член 12
Судски советник за решавање управни спорови
- врши сложени работи и задачи со упатства и надзор на претседателот на одделот што се вршат во одделот во областа во која е распореден, а кои се однесуваат на нормативно правни, управни, информативно документациони, како и стручно-оперативни работи;
- ги следи и проучува законите и другите прописи и општи акти и ја следи примената на меѓународните договори што Република Македонија ги ратификувала;
- прибира податоци за траење на постапката врз основа на кои изготвува нацрт на периодични информации за траење на судската постапка;
- предлага правни заклучоци и правни мислења;
- изготвува сентенци за Судскиот билтен;
- соработува со судиите по предметите од сложена правна природа;
- подготвува материјали за советувањата што ги организира судот и учествува во нивно организирање;
- подготвува реферати, анализи и други материјали заради заземање правни ставови во одделот;
- проучува и го известува одделот за содржината на материјалите што судот ги добива за стручни советувања и други стручни средби, дава предлози и подготвува материјали за учество на судиите на тие средби;
- присуствува на судења; води евиденција за одржани судења и изготвува нацрт одлуки;
- присуствува на седниците на судиите и судските оддели;
- учествува на стручни состаноци, семинари и други облици на стручно усовршување,
- го применува Судскиот деловник во своето работење;
- ги применувa постојните информатичко технолошки системи;
- одговара за својата работа во рамките на своите овластувања пред непосредно претпоставениот раководен судски службеник и судскиот администратор.
Број на извршители 5.
Услови за вршење на работите:
Најмалку 240 кредити според ЕКТС правен факултет со положен правосуден испит или завршен VII/1 степен правен факултет со положен правосуден испит и најмалку 2 години работно искуство на правни работи.
Член 13
Виш судски соработник за решавање управни спорови
- ги извршува помалку сложените работи и задачи што се вршат во одделот, а кои се однесуваат на нормативно правни, управни, информативно документациони, како и стручно-оперативни работи;
- континуирано ги следи прописите во врска со уредувањето на прашањата во областа во која работи како и примената на меѓународните договори што Република Македонија ги ратификувала;
- изготвува и помага во подготвување разни материјали, информации и стручни анализи, ги проучува правните прашања во врска со непосредната работа по предметите во судот;
- изготвува сентенци за Судскиот билтен;
- изготвува информации во врска со одредени прашања доставени од судиите и другите служби во судот;
- присуствува на седниците на судските оддели;
- учествува на стручни состаноци, семинари и други облици на стручно усовршување;
- присуствува на судењата; води евиденција за одржани судења и изготвува нацрт одлуки;
- го применува Судскиот деловник во своето работење;
- ги применува постојните информатичко технолошки системи;
- одговара за својата работа во рамките на своите овластувања пред непосредно претпоставениот раководен судски службеник и судскиот администратор.
Број на извршители 13.
Услови за вршење на работите:
Најмалку 240 кредити според ЕКТС правен факултет со положен правосуден испит или завршен VII/1 степен правен факултет со положен правосуден испит.
Член 14
Судски соработник за решавање управни спорови
- ги извршува помалку сложените работи и задачи кои се вршат во одделението и одделот, а кои се однесуваат на подготвителни работи во врска со нормативно правни, управни, информативно документациони, како и стручно-оперативни работи врз основа на конкретни упатства во определувањето на практиките на одделот;
- континуирано ги следи прописите во врска со уредувањето на прашањата во областа во која работи како и примената на меѓународните договори што Република Македонија ги ратификувала;
- присуствува на судењето, води евиденција за одржаните судења и изготвува нацрт одлуки;
- му помага на судијата при проучувањето на предметите и на разни спорни прашања, како и во подготвувањето на разни материјали;
- присуствува на седниците на судскиот оддел;
- изготвува нацрт сентенци;
- учествува на стручни состаноци, семинари и други облици на стручно усовршување;
- го применува Судскиот деловник во своето работење;
- ги применува постојните информатичко технолошки системи;
- одговара за својата работа во рамките на своите овластувања пред непосредно претпоставениот раководен судски службеник и судскиот администратор.
Број на извршители 6.
Услови за вршење на работите:
Најмалку 180 кредити според ЕКТС правен факултет или завршен VII/1 степен правен факултет и положен правосуден испит.
Член 15
Помлад судски соработник за решавање управни спорови
- врши поедноставни работи врз основа на конкретни упaтства и насоки, со постојан надзор, контрола и напатствија на судијата, непосредно претпоставениот раководен судски службеник, судскиот администратор, односно претседателот на судот во кој нема судски администратор, а се однесуваат на подготвителни работи во врска со нормативно правни, управни, информативно документациони и опeративно стручни работи;
- врши работи и работни задачи заради стекнување практика во сите области од надлежост на судот;
- учествува на расправи и изготвува нацрт одлуки;
- го применува Судскиот деловник во своето работење;
- води дневник за својата работа во кој ги бележи работите и задачите што ги извршил во текот на месецот;
- ги применувa постојните информатичко технолошки системи;
- одговара за својата работа во рамките на своите овластувања пред непосредно претпоставениот раководен судски службеник и судскиот администратор.
Број на извршители 2.
Услови за вршење на работите:
Најмалку 180 кредити според ЕКТС правен факултет или завршен VII/1 степен правен факултет.
Член 16
Соработник – преведувач
- преведува на расправи и рочишта и преведува писмени акти во судот;
- преведува при разговорите и средбите на претседателот, судиите и судските службеници, со лица чиј јазик не го говорат учесниците;
- води уредна и ажурна евиденција за извршени преводи согласно Судскиот деловник;
- учествува на стручни состаноци, семинари и други облици на стручно усовршување;
- го применува Судскиот деловник во своето работење;
- ги применува постојните информатичко технолошки системи
- одговара за својата работа во рамките на своите овластувања пред непосредно претпоставениот раководен судски службеник и судскиот администратор.
Број на извршители 1.
Услови за вршење на работите:
Најмалку 180 кредити според ЕКТС филолошки факултет или други општествени науки или завршен VII/1 степен филолошки факултет или други општествени науки, без работно искуство.
Член 17
Соработник – лектор
- ја лекторира целокупната преписка на судот;
- лекторира судски одлуки;
- ја следи работата на судот од аспект на правилна примена на нормите и стандардите на македонскиот литературен јазик и дава мислења, сугестии и предлози;
- учествува на стручни состаноци, семинари и други облици на стручно усовршување;
- го применува Судскиот деловник во своето работење;
- ги применува постојните информатичко технолошки системи;
- одговара за својата работа во рамките на своите овластувања пред непосредно претпоставениот раководен судски службеник и судскиот администратор.
Број на извршители 1.
Услови за вршење на работите:
Најмалку 180 кредити според ЕКТС филолошки факултет или филозофски факултет или завршен VII/1 степен филолошки факултет или филозофски факултет, без работно искуство.
Член 18
Соработник – водител на стручна библиотека
- се грижи за уредно чување и класифицирање на законите, службените весници, списанијата, збирката на видео и аудио касетите и информатичко-технолошките медиуми за запис што се наоѓаат во стручната библиотека на судот;
- води евиденција за големината и состојбата на библиотечниот фонд и се грижи за негово зголемување;
- ги евидентира примероците од библиотечниот фонд, дадени на привремено користење на вработените во судот;
- го регистрира донесувањето на правните прописи, нивните измени и дополнувања, одлуките на Уставниот суд и за тоа ги известува вработените во судот;
- врши и други работи по налог на судскиот администратор;
- учествува на стручни состаноци, семинари и други облици на стручно усовршување;
- го применува Судскиот деловник во своето работење;
- ги применува постојните информатичко технолошки системи;
- одговара за својата работа во рамките на своите овластувања пред непосредно претпоставениот раководен судски службеник и судскиот администратор.
Број на извршители 1.
Услови за вршење на работите:
Најмалку 180 кредити според ЕКТС филолошки факултет, филозофски факултет или правен факултет или завршен VII/1 степен филолошки факултет, филозофски факултет или правен факултет, без работно искуство.
Член 19
Раководител на судски оддел за судска практика
- раководи со судскиот оддел за судска практика;
- ја усогласува работата на сите судски оддели во извршување на задачите кои се однесуваат на евиденција и проучување на судската практика;
- ја организира, насочува и координира работата на одделот во однос на следењето и подготвителните работи во врска со евидентирањето и класифицирањето на судската практика
- врши непосредна контрола и надзор над извршување на работите;
- ги распоредува работите и задачите во одделот и им дава упатства за работа и потребна стручна помош во работата и вршењето на работите и задачите и го следи текот на извршувањето на истите;
- присуствува на седниците на судските оддели;
- го подготвува нацрт годишниот извештај за работата на Судот и го доставува до претседателот на Судот;
- ја следи практиката на судот и ги проучува судските одлуки, особено од аспект на евентуални разлики во ставовите по исти прашања и своите согледувања му ги соопштува на претседателот на советот и на претседателот на соодветниот оддел;
- изготвува и помага во подготвувањето разни материјали, информации и анализи по одделни правни прашања, ги срочува правните прашања во врска со непосредната работа по предметите во судот;
- обезбедува предлог програма за работа на одделот и дава извештај за реализација на програмата за работа на одделот и изготвува периодични и годишни извештаи за работа на одделот;
- ги организира седниците на одделот и ги подготвува материјалите и дневниот ред;
- учествува во средувањето и финализацијата на сентенците доставени од одделенијата и изготвува сентенци за судскиот “Билтен“,
- учествува во работата на редакцискиот одбор за издавање збирка на судски одлуки и ја организира постапката за издавање збирка на судски одлуки, билтени и слично;
- одговара за навремено, законито и квалитетно вршење на работните задачи што се вршат во одделот;
- дава предлози за обуки за стручно усовршување и изготвува материјали за советувања и семинари, посебно од областа на едукацијата на стручни судски службеници за поодделни области;
- присуствува на седниците на судските оддели;
- пренесува ставови на судскиот администратор и другите раководни судски службеници;
- врши анализа, оценување и проценување на прашањата и проблемите што се појавуваат;
- учествува на стручни состаноци, семинари и други облици на стручно усовршување
- се грижи за евиденција на материјалите што се доставуваат од другите судови и државни органи до Управниот суд заради воедначување на практиката за постапување по конкретни случаи на ниво на сите судови;
- се грижи за примена на постојните информатичко технолошки системи;
- иницира нови идеи за работа од областа што ја покрива одделот;
- врши оценување на вработените во одделот;
- одговара за својата работа во рамките на своите овластувања пред судскиот администратор.
Број на извршители 1.
Услови за вршење на работите:
300 кредити според ЕКТС правен факултет со положен правосуден испит или завршен VII/1 степен правен факултет со положен правосуден испит и најмалку 3 години работно искуство на правни работи по положување на правосудниот испит.
Член 20
Соработник во судскиот оддел за судска практика
- ги евидентира начелните ставови и правни мислења утврдени во судските оддели;
- ги евидентира, средува и класифицира судските одлуки за кои во советот е одлучено да се евидентира ставот изразен во одлуката;
- ги евидентира материјалите што се доставуваат од другите судови и државни органи до Управниот суд заради воедначување на практиката за постапување по конкретни служи на ниво на сите судови;
- учествува во подготвување нацрт годишниот извештај за работата на Судот;
- ја следи практиката на судот и ги проучува судските одлуки, особено од аспект на евентуални разлики во ставовите по исти прашања и своите согледувања му ги соопштува на раководителот на одделот;
- изготвува и помага во подготвувањето разни материјали, информации и анализи по одделни правни прашања, ги срочува правните прашања во врска со непосредната работа по предметите во судот;
- учествува во средувањето и финализацијата на сентенците доставени до одделенијата;
- учествува во работа на редакциски одбор за издавање збирка на судски одлуки;
- учествува на стручни состаноци, семинари и други облици на стручно усовршување;
- го применува Судскиот деловник во своето работење;
- ги применува постојните информатичко технолошки системи;
- одговара за својата работа во рамките на своите овластувања пред непосредно претпоставениот раководен судски службеник и судскиот администратор.
Број на извршители 1.
Услови за вршење на работите:
Најмалку 180 кредити според ЕКТС правен факултет или завршен VII/1 степен правен факултет.
Член 21
Раководител на одделение за постапување по претставки и предлози
- раководи со одделението за постапување по претставки и предлози;
- ја организира и координира работата од областа на претставките и предлозите;
- врши непосредна контрола и надзор над извршување на работите;
- ги распоредува работите и задачите на вработените во рамките на одделението;
- им дава упатства за работа и потребна стручна помош во работата и вршењето на работните задачи и го следи текот на извршувањето;
- одговара за навремено, законито и квалитетно вршење на работите и задачите што се вршат во одделението;
- остварува редовни контакти со другите раководни судски службеници и разменува информации и искуства;
- ги прима и евидентира во УПП Уписникот претставките и предлозите доставени до судот и во АКМИС;
- учествува во одлучување за спроведување на конкретни одлуки за работите што се вршат во одделението, по претходни инструкции од повисоко ниво и дава препораки за нивна имплементација;
- преставките и предлозите веднаш ги зема во работа и постапува по нив во согласност со закон и судскиот деловник, односно прибира податоци, известувања и мислења за фактите и околностите од значење за нивно оценување, непосредно ги испитува, анализира и ги евидентира појавите и причините за нивно поднесување, а по претходно добиени упатства од претседателот на судот, презема потребни дејствија и мерки за остварување на правата на подносителот или повредата на јавниот интерес утврден со закон;
- во законски определени рокови му одговара на подносителот на претставката или предлогот за основаноста и резултатите од постапувањето по нив и истото го евидентира во АКМИС;
- соработува со надлежните државни органи во врска со постапувањето по претставките и предлозите и по добиените упатства од претседателот на судот, укажува на потребата од преземање мерки во согласност со закон за отстранување на евентуална повреда на правото, односно причинетата штета на подносителот на претставката или предлогот;
- води евиденција за податоците што се однесуваат на постапувањето по претставките и предлозите и во врска со тоа, во законски определени рокови доставува извештаи до Министерството за правда;
- изготвува периодични и годишни извештаи за работата во одделението, ги срамнува текстовите на месечните и годишните извештаи во судската писарница и финализирани ги доставува до судскиот администратор;
- дава предлози за обуки за стручно усовршување;
- врши анализа, оценување и проценување на прашањата и проблемите што се појавуваат, ги анализира причините и прашањата на кои се укажува во претставките, односно предлозите, презема мерки во рамките на своите овластувања и ги информира другите органи кои имаат овластувања за состојбите и рпоблемите во соодветната област за да преземат мерки од нивна надлежност;
- се грижи за примена на постојните информатичко технолошки системи;
- иницира нови идеи за работа од областа што ја покрива одделението;
- врши оценување на работата на вработените во одделението;
- непосредно одговара за својата работа, во рамките на своите овластувања, пред судскиот администратор.
Број на извршители 1.
300 кредити според ЕКТС правен факултет со положен правосуден испит или завршен VII/1 степен правен факултет со положен правосуден испит и најмалку 2 години работно искуство на правни работи по положување на правосудниот испит.
Член 22
Соработник за постапување по претставки и предлози
- ги извршува помалку сложените работи и задачи кои се вршат во одделението и одделот, а кои се однесуваат на подготвителни работи во врска со нормативно правни, управни, информативно документациони, како и стручно-оперативни работи врз основа на конкретни упатства во определувањето на практиките на одделот;
- ги следи и спроведува упатствата дадени од раководителот на одделението;
- ги прима и евидентира претставките и предлозите доставени до судот во УПП Уписникот и во АКМИС;
- преставките и предлозите веднаш ги зема во работа и постапува по нив во согласност со закон и судскиот деловник, односно прибира податоци, известувања и мислења за фактите и околностите од значење за нивно оценување, непосредно ги испитува, анализира и ги евидентира појавите и причините за нивно поднесување, а по претходно добиени упатства од претседателот на судот, презема потребни дејствија и мерки за остварување на правата на подносителот или повредата на јавниот интерес утврден со закон;
- во законски определени рокови му одговара на подносителот на претставката или предлогот за основаноста и резултатите од постапувањето по нив и истото го евидентира во АКМИС;
- соработува со надлежните државни органи во врска со постапувањето по претставките и предлозите и по добиените упатства од претседателот на судот, укажува на потребата од преземање мерки во согласност со закон за отстранување на евентуална повреда на правото, односно причинетата штета на подносителот на претставката или предлогот;
- води евиденција за податоците што се однесуваат на постапувањето по претставките и предлозите и во врска со тоа, во законски определени рокови доставува извештаи до Министерството за правда;
- ги анализира причините и прашањата на кои се укажува во претставките, односно предлозите, презема мерки во рамките на своите овластувања и ги информира другите органи кои имаат овластувања за состојбите и рпоблемите во соодветната област за да преземат мерки од нивна надлежност;
- изготвува периодични и годишни извештаи за работата во одделението, ги срамнува текстовите на месечните и годишните извештаи во судската писарница и финализирани ги доставува до судскиот администратор;
- учествува на стручни состаноци, семинари и други облици на стручно усовршување;
- го применува Судскиот деловник во своето работење;
- ги применува постојните информатичко