Управниот суд со седиште во Скопје, како еден од носителите на судската власт во судскиот систем на Република Македонија, кој судската власт ја врши на целата територија на РМ, е основан согласно со Законот за судовите („Службен весник на РМ“ бр.58/06), а со работа започна на 5.12.2007 година, со преземање на нерешените предмети од управната област, од Врховниот суд на Република Македонија .